Крилниот ракометар на Хамбург, Стефан Шредер, одигра два одлични натпревари против Вардар, сепак недоволни заедно со неговите 16 гола да се елиминира моќната машинерија во црвено-црни бои.
Вардар беше разигран, разновиден во нападот и со голем адут на голот, што го чуваше фантастичниот Петар Ангелов, и сосема заслужено го кутна кралот, односно актуелниот европски првак.
Шредер и во реваншот беше вистинска закана за одбраната на македонскиот првак, постигна 7 гола и на крајот џентлментски ги призна поразот и елиминацијата.
– Вардар одигра неверојатно храбро и прикажа одличен ракомет. Сѐ уште не знам како се случи да испуштиме шанса за пласман понатаму, кога имавме позитивен резултат од Скопје. Тешко е, ќе нѐ нема на завршниот турнир, но морам да истакнам дека Вардар заслужи да оди понатаму – изјави Шредер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.