| четврток, 6 декември 2018 |

Велемајсторите од Автокоманда слават, ги почитува ракометна Европа (видео)

Велемајсторите од Автокоманда повторно се во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Ренато Вугринец, Дарко Станиќ, Павел Атман, цел Металург и Македонија се радуваат на успехот на „сините“, предводени од Лино Червар.

Ги почитува ракометна Европа, тие се една од најубавите приказни во светот на спортот. Трета година по ред во завршницата, вторпат во низа во четврт-финалето, и тоа во овој циклус преку квалификацискиот бараж каде што го елиминираа Пик Сегед. Потоа успешно минаа понатаму и во најтешката група со Барселона, Пари Сен-Жермен, Вардар, Динамо Минск и Тун. Ниту Колдинг, тимот со најцврста одбрана, не ги сопре, а во Данска заслужено се славеше.

Еве го видеото од прославата во соблекувалната на Металург, на втората победа против Колдинг, овојпат во Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top