Вардар одигра брилијантен меч, а за сите што не успеаја да го проследат фантастичниот триумф на „црвено-црните“ против актуелниот европски првак Хамбург, доволно е да го погледнат победничкиот гол на Алекс Душебаев. Моќно, дрско, без респект и хируршки прецизно, шпанскиот репрезентативец ја погоди мрежата на домаќинот за недостижни 30-28 за македонскиот првак.
Како и голот, така играше и Вардар, силно, незадржливо, комбинаторно, со многу ефектни акции, а на колена падна ракометниот крал на Европа, Хамбург, кој е поразен со 29-30 на свој терен и е симнат од тронот. Вардар со вкупен резултат од 58-57 се пласира во четврт-финалето на ЛШ, за првпат во клупската историја и му се приклучи на Металург, состав што претходно со втората победа над Колдинг си обезбеди втор настап во оваа фаза.
Погледнете го ремек-делото на Душебаев во самиот финиш од реваншот против германскиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)