Доверба на претседателскиот кандидат од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Гевгелија му даде и премиерот Никола Груевски.
– Иванов е човек кој покажа како треба да се биде активен, чесен, вреден и одговорен кон државата. Иванов е човек што не се штедеше и тоа треба да се цени. На Македонија и треба претседател и за тука и за Брисел, а не само за тука, како што деновиве зборува еден противкандидат на Иванов. Кој ќе ви каже дека ќе ги реши сите проблеми ве лаже, бидете сигурни. Но затоа пак ние сме тим кој досега направил најмногу за вас и за државата, рече Груевски.
Иванов, потенцира тој, заслужува поддршка затоа што покажа зрелост на човек и политичар.
– Беше во многу тешки искушенија доведен во ситуација нервозно да изреагира. Противниците се обидуваа да го отргнат од неговиот пат, но тие не успеаја во тоа. Иванов остана стабилен и не дозволи од страна да му кажат што да прави. Денес го познаваат сите како државник со чисто досие. Чекореше мудро и стабилно и по пет години можам да кажам дека заслужува втор претседателски мандат, рече во своето обраќање пред гевгеличани претседателот на ВРМО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.