| четврток, 6 декември 2018 |

Србин 15 години живее на гробишта

Србинот  Братислав Стојановиќ повеќе од 15 години живее во гробница и ја нарекува свој дом. 43-годишниот бездомник од Ниш се преселил во 100 години стариот гроб откако го загубил својот дом поради големиот број долгови.

Според него, живеењето со мртвите било страшно на почетокот, но подоцна се навикнал. Го преуредил гробот во суво и топло  место за живеење кое според него не е палата но е подобро од улиците.

zivee na grobista

Задолжените за гробиштата сметаат дека господинот Стојановиќ може да остане колку што сака се додека не им пречи на останатите посетители.

Според нивната изјава, сопствениците  на гробот се непознати, а натписот на плочата  одамна се избришал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top