| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ во Охридско: Го нудиме она што и треба на Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево ја продолжи посетата на населените места во Охридско.

sdsmOhrid30mart-3-685x320

Од Пештани Заев упати јасна порака дека она што и треба на Македонија, вистински Претседател, го нуди токму СДСМ.

– СДСМ го нуди тоа што и треба на наша Македонија, вистински претседател, Стево Пендаровски – рече Заев.

Пендаровски секогаш е опкружен со народ, луѓето му приоѓаат и го поддржуваат. Народот е со Пендаровски затоа што народот му верува – додаде Заев.

Во охридската населба Христо Узунов, Претседателот Заев заедно со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, им се обрати на насобраните граѓани.

– Чувството кое денеска го има секој од нас е вистинито и ќе се потврди уште во првиот круг. Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на Република Македонија – рече Заев.

Шекеринска додаде дека Македонија на овие избори силно ќе испрати порака за промени, затоа што сите граѓани на оваа земја заслужуваат подобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top