| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона, Кил, Веспрем или Вардар се можните противници на Металург

Нови дуели со Барселона или со Вардар, и евентуално сефте годинава против Кил или Веспрем се можните варијанти како противници на Металург во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда го повтори ланскиот успех, а за чекор понатаму ќе мора да се елиминира еден од овие четири тима.

Ждрепката ќе одлучи кој ќе биде противникот на Металург во последната фаза пред фајналфор турнирот во Келн, а интересно е што против таа четворка скопјани имаат играно досега. Против Кил Металург играше во фазата по групи на почетокот од европската одисеја, во првата сезона во ЛШ и ги загуби двата дуели.

Истата сезона и Барселона гостуваше во Скопје и победи,а идентично со триумф на Каталонците заврши и мечот во Шпанија, додека во овој циклус двете екипи си поделија по еден триумф, секој на домашен терен. Со Вардар, Металург има одиграно безброј дерби натпревари и во македонското првенство, националниот куп, СЕХА лигата и сезонава и во ЛШ.

Против Веспрем металурзите одиграа пријателски меч во февруари годинава, а македонскиот претставник победи со 25-23.

Вардар ќе ја има улогата на носител и полесни противници во четвртфиналето. „Црвено-црните“ за противник ќе имаат еден од овие четири состави, Металург, Флензбург, ПСЖ и подобриот од утрешниот реванш меѓу Рајнекар Левен и Кјелце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top