Ракометарите на Колдинг по секоја цена настојуваат да го добијат реванш мечот против Металург, а гостите од Скопје издржаа вистинска канонада од удари од корпулентините Данци, но не отстапија и со голови возвратија на ќотекот. Вугринец повторно игра извонредно, постигна 8 гола, супер партија прикажува и Павел Атман со 6 гола, потоа и Миркуловски, Димовски, Циндриќ и сите останати што настапуваат во Копенхаген.
Колку се силни ударите на домашните ракометари покажуваат и расеченицата на носот на Миркуловски, повредата на Георгиевски, а и Атман постојано е на мета на грубите атаци на Данците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


