| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаестмина се откажаа од кандидатските листи на СДСМ

sdsm

Што се случува во СДСМ? Откако на минатонеделникот конгрес беа утврдени кандидатските листи за претстојните парламентарни избори, синоќа во ДИК, оваа партија поднесе изменети листи. Дали тие листи се потврда на хаосот што се случува во СДСМ? Проблеми во Кочани, кавга меѓу лидерот Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шекеринска, се само дел од она за кое се пишуваше деновиве.  17 позиции се променети, 16 имиња ги нема на листите. Веќе јавно од кандидатурата се откажа Нано Ружин, а овој чекор очигледно го следеле уште петнаесет имиња. Тие се откажале од изборната битка и се повлекле од листите кои СДСМ ги утврди минатата недела.

Струга прес објави дека откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави листите за пратеници во 5 изборна единица, и каде што јасно стои дека Струга добива три пратеници во добитна комбинација, се јавила паника во СДСМ Струга.

– Иако СДСМ Струга доби само едно пратеничко место на листата за пратеници во петта изборна единица и тоа на дискутабилното 5 место, денеска во Струга доаѓа Заев и Шекеринска во мисија на смирување на членството.СДСМ Струга биле буквално изненадени од ваквиот потег на владејачката партија, која дефинитивно ја става Струга на врвот на својата агенда. Со поставувањето на кандидат за пратеник од Македонците муслимани од страна на ВМРО-ДПМНЕ,СДСМ Струга добива уште еден удар,ако се знае дека СДСМ не ни помислилe на својата листа во петта изборна единица да ги подржат македонците муслимани. Заев и Шекеринска денеска ќе мораат на некои “прашања” да им одговараат на Стружани иако пред 10 години беа главни протaгонисти за бојкот на референдумот за Струга  со девизата ”Некои прашања не заслужуваат одговор” – пишува порталот.

Заев и Шекеринска останаа надвор од овие листи, секако, по сопствена волја. Тие избегнаа соочување со народот и оставија имиња кои се анинимни за јавноста. Овие листи на СДСМ не се за победа, туку за алиби на раководството од поразот на изборите, кој судејќи според последните анкети, опозицијата повторно ги губи.

Најголеми промени има во петатта изборна едница речиси целосно е променета и е непрепознатлива во споредба со претходните листи кои ги достави СДСМ. Тука се направени дури осум промени, а седум лица се откажале од учеството на овие избори.

ИЕ 1
10. Нано Ружин е заменет со Бобан Јанкоски
17. Дарко Георгиевски е заменет со  Драган  Баварчиќ

ИЕ2
16. Данчо Божиновски е заменет со Виктор Груев

ИЕ3
13. Александра Митровска е заменета со Соња Стаменкова
16. Гордана Стојанова е заменета со Маја Хеско

ИЕ 4
11. Андреј Тасев е заменет со Ратка Алаванова
14. Мери Лазарова е заменета со Ленче Стојанова

ИЕ 5
3. Мирјана Докоска е заменета со Билјана Настеска
5. Билјана Настеска е заменета со Јован Митрески
7. Митре Велјановски е заменет со Ѓоко Танасоски
9. Дивна Ефтимовска Јовковска е заменета со Ружица Перевска
13. Методија Илиевски е заменет со Наташа Струмениковска
14. Владимир Јовески е заменет со Валентина Аврамоска
15. Бисера Костадиновска е заменета со Билјана Лешоска
17. Ристе Талески е заменет со Славица Јовчевска

ИЕ 6
13. Небојша Билбилоски е заменет со Горан Чавдаровски
16. Александар Мишовски е заменет со Светлана Петковска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top