ВМРО-ДПМНЕ денеска презентираше уште еден нов скандал со тендер кој Шилегов го доделил на фирма која се поврзува со СДСМ.
– Петре Шилегов ја прифаќа жалбата на фирмата „Оптикооп“ Скопје, која се жали со уште две други фирми по отворениот повик за набавка на моторни масла на ЈП „Македонија пат“. Одлуката за избор на најповолен понудувач на пет други фирми се поништува. И сѐ поради жалбата на „Оптикооп“, а сопственици на оваа фирма се Ѓоше и Марика Мирчеви, дедо и баба на Игор Ивановски – Шема, односно татко и мајка на неговата сопруга. Со ова решение потпишано од Петре Шилегов, фирмата во сопственост на дедото и бабата на Игор Ивановски-Шема се враќа во игра за вреден тендер. Имајќи го предвид начинот на кој Шилегов постапувал, спротивно на законот и со заобиколување на процедурите во претходните случаи, можете само да замислите за каква зделка станува збор и овој пат – истакна Сашо Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

– Господине Шилегов, колку тендери со ваш личен потпис припаднале на дедото и бабата на Игор Ивановски од СДСМ?И уште колку други фирми блиски до раководството на СДСМ се офајдиле од вашата работа? – запраша Трпески.
Тој посочи дека на јавноста ѝ се посочени повеќе скандалозни одлуки на Шилегов, со кои преку изигрување на законите, процедурите и правилата се доделувале тендери на фирми блиски до СДСМ.
– Таков беше случајот со „Семос“, фирма во која сопственички удел има токму сопругата на Црвенковски, таков беше случајот и со д-р Пановски и со фирмата „Брилијант“, фирми блиски до СДСМ и нивни спонзори. Едно е сигурно, нема крај на скандалите на Петре Шилегов. Господине Шилегов, одважете се и одговорете колкава заработка ви донесе позицијата прв човек на второстепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на СДСМ и дали тоа е изворот на вашето богаство? – запраша Трпески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната



