| четврток, 6 декември 2018 |

Третиот дабл-дабл за Антиќ, но и пораз за Атланта (видео)

Sacramento Kings at Atlanta Hawks

НБА-тимот за кој настапува нашиот репрезентативец Перо Антиќ, Атланта, загуби од Вашингтон Визардс со 101:97. Антиќ по третпат постигна двоцифрен број поени во две категории – 13 поени и 12 скока. Поефикасни од Антиќ беа Џеф Тиг со 19 и Пол Милсеп со 17 поени, но нивниот ефект не беше доволен и Атланта загуби на гостувањето кај Вашингтон Визардс со 101:97.

Антиќ и покрај повредата успеа атрактивно да поентира. Неговото забивање веќе се најде на „Јутјуб“.

Ова е шести пораз во серија за Атланта и вкупно 41. по 72 одиграни натпревари. Тие се на осмата позиција во источната конференција, а зад нив е Њујорк со скор 30-43.

Во вторник наутро во 1:30 по наше време, Атланта на домашен терен ќе ја пречека екипата на Филаделфија.

Резултати:
Вашингтон – Атланта 101:97
Далас – Сакраменто 103:100
Хјустон – ЛА Клиперс 107:118
Сан Антонио – Њу Орлеанс 96:80
Милвоки – Мајами 67:88
Филаделфија – Детроит 123:98

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top