| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Кампањата за претседателските избори тече мирно

jankuloska500

– Кампањата за претседателските избори од аспект на безбедноста засега тече мирно, во фер и демократска атмосфера – оцени министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Денеска на прес-конференција Јанкулоска истакна дека засега на терен не се регистрирани никакви проблеми поврзани со безбедноста на ниту еден од кандидатите и партиите.

– Очекувам до крајот од кампањата за претседателските избори политичките партии, односно учесниците, кандидатите за претседател, но и со оглед што набрзо ќе почне и кампањата за парламентарните избори и кандидатите за пратеници и подносителите на листите дека ќе се однесуваат достоинствено. Ќе ја задржат фер и демократската атмосфера и ќе им овозможат на граѓаните да носат одлука врз основа на фактичката состојба, програмите кои ги презентираат кандидатите, а не врз основа на шпекулации и обиди за манипулации – нагласи Јанкулоска.

Министерката ја демантираше информацијата од пред неколку дена кога штабот на еден од кандидатите за претседател лиферуваше информација дека наводно настан предвиден за нивниот кандидат бил откажан заради препорака од МВР.

– Најостро сакам да ја демантиран ваквата информација. МВР ги обезбедува сите претседателски кандидати, нивното движење, услови за одржување на нивните предизборни активности. За ниту еден кандидат досега не сме направиле безбедносна проценка врз основа на која би дале препорака дека треба или пожелно е некој од планираните настани да биде одложен – додаде Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top