Градежната компанија „Бетон“ лани остварила нето-добивка од 756 илјади евра или повеќе за 8 отсто во однос на предходната година, објави компанијата.
Вкупните приходи на компанијата лани изнесуваат 45,4 милиони евра, што во однос на 2012 година е помалку за 9 отсто. Вкупните расходи, пак, изнесуваат 44,5 милиони евра и во однос на 2012 година има пад на расходите за 10 отсто.
„Бетон“ лани има регистрирано пораст на побарувањата од купувачите за 8 отсто во однос на 2012 година. Тие лани изнесуваа 28,2 милиони евра, додека, пак, обврските на друштвото кон добавувачите изнесуваат 18 милиони евра и се зголемени за 23 отсто во однос на 2012 година.
Резултатите од работењето на компанијата, како што е посочено во консолидираните финансиски извештаи објавени на стрницата на Македонска берза, се однесуваат на матичното друштво и трите составни друштва, „Бетон-про“ , „Бетон-каменолом“ и „Бетон-рудник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проблематичен бетон се става во охридскиот базен? Нападнат главниот надзорник зошто ја стопирал изградбата
-
Нова голема добивка: Охриѓанец со 20 денари доби 80.508 евра
-
Ако ставите парички во оваа намирница ќе бидете полни со пари
-
Ова е прилепчанецот кој освои половина милион евра на спортска (фото+видео)



