| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометен викенд – ќе успеат ли Вардар и Металург да стигнат до четврт-финале во европската ЛШ

metalurg-barcelona-00

Осумдесет и четири проценти од Македонците веруваат дека Металург ќе ја помине осминафиналната фаза од машката ракометна Луга на шампиони. Тие сметаат дека Металург ќе стигне подалеку од Вардар, кој, исто така, е дел од ова големо европско клупско натпреварување. Шеснаесет проценти, пак, сметаат дека Вардар е македонскиот тим што ќе стигне подалеку во ЛШ. На анкетното прашање на „Република“ Кој ќе стигне подалеку во машката ракометна ЛШ? поголем дел одговориле дека тоа ќе биде Металург.

[poll id=”95″]

Денеска двата тима го играат реваншниот натпревар во осминафиналето на ЛШ. Металург во Данска ќе ја отвори неделната програма во Лигата на шампиони (16.45 часот). Македонскиот вицепрвак против Колдинг ќе ја брани предноста од шест гола (23:17), со која се стекна по првиот натпревар.

Голманот на Металург, во разговор за Република, изјави:
– Го направивме тоа што го сакавме, имаме една солидна предност пред реваншот, така што сме оптимисти за поминување натаму и за повторување на успехот од минатата година. Меѓутоа, доволно сме искусни за да знаеме дека предноста од шест гола, па дури и да беше поголема, не значи дека сигурно ќе поминеме натаму. Знаме како одат тие работи, имаме искуство, на самиот почеток на квалификациите против Сегед имавме предност од 9 разлика, отидовме на реваншот, а таму беше вистинска лудница. Сега ќе ни биде уште потешко, но нема само нам да ни биде тешко, и на Колдинг нема да му биде лесно.

Vardar-Wacker-Thun-11

За разлика од Металург, Вардар ќе има многу потешка работа против европскиот првак Хамбург (18:45 часот). Првиот натпревар во Скопје, одигран пред една недела, заврши без победник 28:28.

Бекот на Вардар, Немања Прибак, пред заминувањето за Германија, за Република изјави:

– Секогаш сме со позитивни очекувања, ние играме ракомет, тоа е спорт, спортски е да се надеваш дека секој натпревар ќе победиш. Тренираме добро, гледаме каде сме грешеле, го гледаме видеото од минатиот натпревар, се надевам на најдобро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top