| четврток, 6 декември 2018 |

Ја киднапирал и со денови ја малтретирал – млада радовишанка преживеала хорор

кидна

Штипјанец си ја грабнал и малтретирал поранешната девојка. Според податоците од полицијата, се работи за 35-годишниот М.И. од Штип, кој ја грабнал 21-годишната Н.И. од Радовиш од дворот од семејната куќа.

Бесниот штипјанец на поранешната девојка ѝ пришол одзади, ја фатил за уста и ја качил во комби, по што загубила свест, а откако се разбудила, се нашла во хотел, а потоа штипјанецот ја повикал и неговата мајка и сите заминале во Скопје.

Следниот ден Н.И. ја однеле во Битола, во село каде што останале неколку дена во куќа, потоа се вратиле во Штип и заминале во село на планината Плачковица за да повторно се вратат во Штип, на ул.„Карл Маркс“ каде што и останале да престојуваат, по што за цело време М.И. ѝ упатувал сериозни закани по нејзиниот живот.

За среќа, таткото на киднапираната девојка ја пронашол вчера жива и здрава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top