Екипата на Барселона во градското дерби против тимот на Еспањол победи минимално со 1-0 со удар од белата точка.
Лионел Меси беше успешен стрелец по досудениот пенал, откако Хави Лопез изграше со рака во својот шеснаесетик.
Барселона беше подобар противник во текот на сите 90 минути, но шансите не ги реализираа Нејмар, Меси, а Пике ја погоди стативата од голот на Еспањол.
Во 83 минута домашниот голман Касиља заработи црвен картон па на голот мораше да застане Лопез по извршените три измени кај Еспањол.
На табелата води Барселона со 75 бода, пред Атлетико Мадрид со 73 и Реал Мадрид со 70.
Мадридските тимови имаат по натпревар помалку. Атлетико гостува во Билбао против Атлетик, а Реал игра на Сантијаго Бернабе против тимот на Рајо Валјекано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)