Лондонскиот премиер лигаш Челси денеска загуби неочекувано од Кристал Палас со 1-0 на гостински терен и направи чекор назад во борба за титулата во Англија. Иако фудбалерите на Жозе Мурињо важеа за фаворити тие не успеаа во текот на целиот меч да го најдат патот до мрежата на Кристал Палас. Трагичар на овој натпревар беше капитенот на сините Џон Тери кој по една нафрлена топка на домаќините беше невнимателен со глава и ја затресе мрежата на Петр Чех во 52 минута.
Тоа беше еднистветниот гол на овој натпревар. Со овој пораз Челси останува на врвот на табелата со 69 бода, но со натпревар повеќе од Ливерпул кој има 68 бода и Манчестер Сити кој досега освои 66, но има дури три натпревари помалку.
Денеска се игра дербито во Лондон меѓу Арсенал и Манчестер Сити.
Резултати:
Манчестер Јунајтед – Астон Вила 4-1, Кристал Палас – Челси 1-0, Саутемптон – Њукасл 4-0, Стоук – Хал 1-0, Свонси – Норич 3-0, ВБА – Кардиф 3-3.
Crystal palace 1-0 Chelsea full highlights 29.3.14 by EplHighlights
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)