| четврток, 6 декември 2018 |

За една година платата во Македонија се зголемила за 0,7 отсто

denari

За една година платата во Македонија се зголемила за 0,7 отсто, пресмета Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 21.327 денари.

Сепак, 1,5 отсто од работниците што работеле во јануари воопшто не зеле плата. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 31.236 денари.

Зголемувањето платите во јануари годинава во однос на јануари лани е резултат на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „транспорт и складирање“ од 7,3 проценти и „градежништво“ и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ од 4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top