ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека портпаролот на СДСМ Петре Шилегов направил најповолениот понудувач да биде дисквалификуван од постапката за набавка на детски лапараскоп со видеоопрема и инструментален сет за лапараскопија на Клиничкиот центар.
– Ова е пример како преку правни игри и процедури се отфрлаат и понудите на останатите понудувачи со цел да добие тендер фирмата д-р Пановски, која важи за спонзор и блиска на СДСМ, информира на денешната прес-конференција Сашо Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој информира дека понуди дале четири фирми од кои, како што рече, најниска цена била на „Б-Интернационал“.
– Жалба е поднесена од „Инел медика“, во која тврди дека понудата на „Д-р Пановски“ воопшто не одговара на тендерската спецификација, a постапувајќи по жалбата, Комисијата за жалби со решение од 11 март 2005 година ја уважува жалбата и го задолжува набавувачот да изврши повторно рангирање. Но, набавувачот повторно донесува решение со кое го избира „Д-р Пановски“ – рече Трпески.
„Инел медика“, како што истакна, повторно поднесува жалба во која ги истакнува истите наводи.
– Во дополнувањето на одговорот на жалбата од набавувачот ЈЗО Клинички центар од 30 јуни 2005 година, набавувачот самиот истакнува дека во понудата на „Д-р Пановски“ нема DCI систем што значи не го исполнува тоа што се бара на тендерот. Првостепената комисија го имала предвид овој факт, но не ја отфрлила понудата, туку намалила бодови за квалитет, само пет бода, колку што е доволно „Д-р Пановски“ да биде најповолен понудувач – рече Трпевски.
Комисијата во прв степен, посочи тој, дури и самата нагласила дека понудувачот не понудил апарат каков што се бара, но Комисијата на Петре Шилегов, иако еднаш го поништила решението за избор на „Д-р Пановски“, донесува решение со кое ја отфрла жалбата на „Инел медика“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)