| четврток, 6 декември 2018 |

Австралиски политичар уапсен во Малезија

lisiciМалезиските власти уапсиле австралиски политичар на аеродромот во Куала Лумпур. Се очекува тој да биде екстрадиран, а Канбера случајот го коментира како „разочарувачки и изненадувачки“.

 Ник Ксенофон во Куала Лумпур пристигнал со цел да разговара со властите и опозицијата за претстојните избори во земјата. Тој е познат како активист за човекови права во Малезија.  Независниот австралиски сенатор претходно упати сериозни критики за изборниот систем за Малезија. Тој е уапсен на меѓународниот аеродром во главниот град Куала Лумпур при пристигнувањето од Мелбурн.
– Тој ме информира дека е депортиран – изјавува Амбига Сриневасен, активистка, адвокат и копретседател на групата за изборни промени „Бери“.
Властите во Малезија се уште не објавија инфорамции околу причините за апсењето на Ксенофон. Според активистката Сриневасен апсењето е извршено врз основа на законот за заштита на безбедноста, бидејќи властите сметаат дека тој претставува ризик за безбедноста на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top