Вчеравечер во 20:15 часот, пред влезот за ЖС-Скопје Север, засега непознати лица извршиле каменување на товарниот воз бр.44983, кој сообраќал на релација Волково-Трубарево, а бил управуван од машиновозачот Д.Р.
Во нападот било скршено едно стакло од вратата на кабина на локомотивата, а помошникот машиновозач Т.С.(48) бил повреден, по што е пренесен во Ургентен центар-Скопје.
За карактерот на повредите дежурниот доктор дополнително ќе се произнесе.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.