| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена зелена тревкаста материја во возило кај клучката „Југ“

Вчеравечр во 23.40 часот на автопатот Гостивар – Тетово, поточно кај клучката „Југ“, од страна на униформирани полициски службеници, било сопрено возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на „Елита рентакар“, а управувано од Џ.Х.(1989) од Гостивар, а како сопатници во возилото биле: Е.А.(1993), А.Е.(1988) и И.А.(1988), сите од Гостивар.

Од извршената контрола и преглед над возилото и лицата, во фиоката од возилото биле пронајдени три најлонски кеси од околу 150 грама со непозната зелена тревкаста материја.

Лицата се приведени, со потврда се одземени предмети и се предадени на УПС од ПС-Тетово за  натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top