| четврток, 6 декември 2018 |

Милениумскиот крст ќе се уредува за 1,1 милион евра

Vodno5

Компанијата „Турбоинжинеринг“ победи на тендерот за реконструкција и доградба на Милениумскиот крст, што го распиша ЈСП Скопје. Оваа фирма за 1,1 милион евра во рок од 9 месеци треба да ги заврши работите – заштита на крстот од кородирање, осветлување, довод и одвод на вода, промена на лифтот, пречистителна станица за прочистување на отпадната вода.

На тендерот, „Турбоинжинеринг“ го победи конкурентот скопски „Бетон“, кој, исто така, беше заинтересиран да ја изврши доградбата. Во првичните понуди на тендерот, понудата на „Бетон“ беше пониска, но на јавното наддавање „Турбоинжинеринг“ понудил да ја заврши работата за околу 50.000 евра помалку.

Тендерот за доизградба на овој објект ЈСП го распиша во декември откако претходно од Градот Скопје го презеде правото за стопанисување со Милениумскиот крст. Тендерот на два пати беше и продолжуван, на барање на фирмите заинтересирани за учество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top