Кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски вчера ги посети општините Чаир, Бутел и Чучер Сандево.
– Да направиме консензус за две- три најважни прашања за Македонија. Апсолутно најважно прашање е Македонија да мрдне во економска смисла… да го задржиме народот тука, да добие шанса, прва шанса за работа да добие тука, а не да бега од својата земја бидејќи е најтешко кога живееш надвор а си присилен да бегаш од својата земја… Овие што досега беа на власти имаа доволно време да покажаат што знаат и умеат. Јас мислам дека тие луѓе не знаат поинаку и не знаат подобро… Државата, практично има ставено рака врз се живо и диво. И врз приватно и врз државно. Не постои во светот успешен економски модел во кој државата е главен газда – изјави Пендаровски при неговата посета на општина Бутел.
Според него, еден од основните проблеми на македонската економија е што државата била најголем бизнисмен, наместо таа да се грижи само за регулативата и независноста на судството. За него, излезот е само во поттикнување на приватната иницијатава и помала улога на државата на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.