Чуден расплет имаа двата полуфинални дуели на турнирот од мастерс серијата во Мајами, а без одигран поен, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се пласираа во финалето и мечот за титулата.
Најпрво Кеи Нишикори поради проблеми со препоните му го предаде без игра мечот на Ѓоковиќ, а потоа и Бердих се откажа поради стомачни проблеми, па и Надал без настап во полуфиналето се најде во самата завршница.
Финалето ќе се игра в недела, а Ѓоковиќ има одлична шанса да ги освои трофеите на двата престижни турнири на американска почва, откако славеше во Индијан Велс, пред две седмици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


