| четврток, 6 декември 2018 |

Тринаесетчлената група за две години прошверцувала 296 грла добиток

За две години прокриумчариле околу 296 грла жив добиток со просечна тежина од 300 кг., кој на сточните пазари во Македонија го набавувале во просек по две евра за еден килограм, а во Албанија го продавале по сума од пет до шест евра, при што за еден килограм во просек заработувале 3,5 евра.  Тринаеесетчлена група составена од македонски и албански државјани две години илегално купувале и пренесувале преку македонско-албанска граница, па препродавале жив добиток. Акцијата на полицијата Милка 2″ ги следела организаторите, но и членовите на групата, по што бил утврден точниот принцип на функционирање и заобиколување на полициските и на царинските патроли на зелениот граничен појас меѓу Македонија и Албанија, а била утвдрена и три пати поголемата заработка со препродавањето на добитокот која ја остварила оваа група.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР на РМ спроведе координирана акција со цел сузбивање на организирана меѓународна криминална група составена од десет македонски државјани, од кои седум со двојно државјанство, македонско и албанско, и тројца албански државјани, кои во периодот од 2012 до 2014 година во континуитет биле инволвирани во криминални активности поврзани со организирање криумчарење и транспорт на жив добиток од Македонија во Албанија, со цел стекнување нелегален профит”, рече вчера на прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Според министерката, случајот е продолжение на оперативната акција Милка”, кој веќе се наоѓа во судските клупи. До ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против вкупно 13 лица, и тоа тројца албански државјани, тројца македонски државјани и седум лица со двојно државјанство, членови на криминалната група, поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела злосторничко здружување” и криумчарење”, како и злоупотреба на службена должност и овластување”, кое се однесува на полицискиот службеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top