| четврток, 6 декември 2018 |

Таен пакт на Германија и Русија: Зад украинската криза стои оската Берлин-Москва!

Цврстите односи меѓу Германија и Русија изградени на цврсти заеднички интереси кои одлучуваат во најважните моменти од историјата на 20 век: двете светски војни, Студената војна и издигнувањето на нова Европа од пепелот на комунизмот. Колку се силни овие односи се гледа сега кога целиот Запад на глас предупредува дека на Русија ќе и се воведат санкции поради Крим, но еден глас воочливо изостанува од хорот на лути и уплашени: Берлин со мирен тон говори за соработка и за смирување на кризата.

Поради воочливото германско отсуство од ваквите барања и фактот дека еден од најважните германско-руски интереси е економската соработка на која убедливо укажуваат тековите на парите, се појавија мислења дека во заднината на украинската криза и анексот на Крим всушност стои договор на моќната европска оска Берлин-Москва.

На таква можност укажува и ставот на канцеларката Ангела Меркел дека сегашната криза треба да се реши со политички сретства, без наметнување на економски санкции на Русија бидејќи западот сеуште не „ја достигнал“ таа фаза. Самата Германија сосема нормално соработува со Русија: Меркел изјави дека нема ништо против германските фирми да соработуваат со руските. Истакнатиот германски бизнисмен и директор на германскиот концертн „Сименс“, Џо Каесар, во Москав е примен со највисоки почести, кај Владимир Путин, лично.

Во бројки тоа изгледа вака: германско-руската трговија во 2013 година достигнала 76 милијарди евра, околу 6.000 германски компании работат во Русија, а вкупниоот обем на нивните инвестиции изнесува 20 милијарди евра и околу 300.000 работни места во Германија зависат од економските односи на двете земји.

Германија своите потреби за гас и сурова нафта ги подмирува со набавки од Русија. Тоа е окосница на најголемиот проект на Ангела Меркел, познат како “Energiewnde” или “Енергетска пресвртница” – користење енергија од обновливи извори. Германија планира до 2022 година да ги изгане нуклеарките и до 2025 меѓу  40 и 45 проценти од енергетските потреби да ги подмирува од обновливи извори, вклучувајќи го тука и ветерот. Но, во текот на преодниот период зависна е од рускиот гас и нафта.

-Гасот и нафтата продолжија да течат и да се испорачуваат дури и во текот на Студената војна, констатираше германската канцеларка Ангела Меркел. Истата реченица денеска ја изговори и заменик германскиот вицеканцелар и министер за стопанство Зигмар Габриел.

Дури и во време на Студена војна, Русија се придржувала на договорот за испорака на гас“, рече Габриел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top