Српските пратеници денеска ќе расправаат за владината предлог-резолуција за Косово, која е основа за политичките разговори меѓу Белград и Приштина.Одборот за Косово при српскиот Парламент вчера одлучи на Собранието да му предложи на седницата на ја усвои предлог-резолуцијата.
Предлог-резолуцијата и платформата се усвоени пред три дена на заедничката седница на Владата и шефот на државата, а претседателот Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ на заедничката прес-конференција истакнаа дека со тоа е манифестирано државното единство по ова важно национално и државно прашање.
Предлог-резолуцијата се состои од шест точки, а меѓу другото во неа се наведува дека Србија пристапува кон дијалогот со претставниците на институциите во Приштина свесна за неговото значење, бидејќи со постигнување меѓусебно прифатливо решение за Косово ќе се забрза евроинтеграцијата на целиот регион на Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


