| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција: Лага е дека одложувањето на посетата на Пендаровски во Шуто Оризари е во консултација со МВР

mvr

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира шпекулациите од страна на СДСМ според кои во Шуто Оризари се подготвувал инцидент за време на посетата на претседателиот кандидат Стево Пендаровски и поради тоа посетата на овој дел во Скопје била откажана.

„Целосна лага е дека одлуката да се одложи предизборната активност на кандидатот Стево Пендаровски била донесена во консултации со МВР. МВР ниту регистрирало каква било закана или ризик, ниту изготвило безбедносна проценка врз чија основа сугерирало откажување на посетата на Шуто Оризари. Целата кампања досега минува мирно, демократски и без ниту еден инцидент. Доколку станува збор за обид да се компромитираат изборите и да се фрли црна дамка на досегашниот тек од кампањата, апелираме на чесна политичка борба без манипулации кои го доведуваат во прашање угледот на Република Македонија. Нам не ни е позната причината за одложување на предвидената средба, но би било коректно штабот на кандидатот да не се покрива за своите одлуки користејќи го Министерството како институција“, се вели во реакцијата на МВР.

Оттаму ги повикуваат сите политички партии да го задржат нивото и достоинството пред се заради граѓаните од кои ја бараат поддршката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top