
До денеска попладне ниту една политичка партија не поднела листа за кандидати за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК). Изборите за пратеници се закажани за 27 април. Рокот истекува утре на полноќ.
Во рок од 48 часа ДИК утврдува дали листата со кандидати е поднесена во утврдениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Ако има недостатоци, партиите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа. На 3 април треба да се изврши и ждребување за редоследот на листите на гласачкото ливче. Во изборната единица каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен, а на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање празно место.
Листите на кандидати предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини, односно изборни единици, имаат ист реден број во сите општини, односно во сите изборни единици.
На 9 април ДИК во дневниот печат треба да ги објави утврдените единствени листи на кандидати за пратеници во изборните единици. Кампањата почнува на 5 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


