Вчера попладне, околу 17 часот, Битола и околината беа зафатени од силно невреме, а силниот ветер беше проследен со дожд и грмотевици.
Ветрот направи материјални штети на повеќе места, а настрадаа и голем број тенди, столчиња, се она што беше на отворено, пренесува локалната „Тера“ телевизија.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 19 часот во Битола наврнале 13 литри дожд на метар квадратен. Метеоролозите најавуваат дека ваквото нестабилно време ќе заврши денес, а веќе од утре па во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб пораст на температурата која ќе се движи околу 20 степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


