| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски не отиде во Шуто Оризари поради страв од инциденти

Stevo Pendarovski Konvencija SDSM Pretsedatel (28) (Custom)

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, денеска ја откажа средбата со граѓаните на општина Шуто Оризари поради наводна дојава дека некоја политичка партија има намера да иницира инциденти.

-Од безбедносни причини донесена е проценка кандидатот за претседател Стево Пендаровски , денеска да ја одложи посетата на Шуто Оризари. Одлуката е донесена и во директна консултација со службените лица на МВР задолжени за безбедноста на претседателскиот кандидат – велат од СДСМ.

Тие најавуваат дека  Пендаровски ќе ја посети општината Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top