Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да го прифатат фактот какви кандидатски листи за пратеници понуди Социјалдемократскиот сојуз на граѓаните на Република Македонија за претстојните парламентарни избори. Дека на листите се наоѓаат луѓе од најголема доверба во средините од каде што потекнуваат, за што беа направени анкети, реагираат од СДСМ за обвинувањата на денешната прес-конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
– Листите со кандидати за пратеници на СДСМ се за граѓаните на Македонија, не се за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски – велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.