Македонија гласаше „за“ резолуцијата за поддршка на територијалниот интегритет на Украина, што ја усвои денеска Генералното собрание на Обединетите нации, објави порталот „Фактор“. Резолуцијата беше усвоена со 100 гласа „за“, 10 „против“ и 58 „воздржани“. Неколку земји, меѓу кои и Србија и Босна и Херцеговина, воопшто не гласаа.
Претходно Македонија не се приклучи кон санкциите за Русија што ги воведе ЕУ, како што тоа го направија Црна Гора и Албанија. Со документот усвоен денеска се прогласува за неважечки референдум за отцепување на Крим од Украина и припојување кон Русија и се бара од земјите да не ја признаат ваквата територијална промена. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Дешчитсија, пред гласањето се обрати пред претставниците на земјите во светската организација со образложение дека чекорите на Русија безмилосно го повредуваат територијалниот интегритет и единството на Украина.
Насроти ова, рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, побара да се гласа „против“ затоа што со анексијата на Крим се исправила една „историска неправда“ и затоа што „народот на Крим има право на самоопределување“. Неговата преопорака ја следеа Белорусија, Ерменија, Боливија, Куба, Северна Кореја, Никарагва, Судан, Сирија, Венецуела и Зимбабве кои гласаа „против“ резолуцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка