| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки на 3 мај од 15 часот го почнуваат походот по европската титула

Македонскиот шампион во женска конкуренција, Вардар, ќе игра од 15 часот на 3 мај во Будимпешта против Будуќност во првото полуфинале на завршниот турнир за европската титула.

Тоа ќе биде премиерата на завршниот турнир, а истиот ден, сабота, од 17.30 часот унгарски Ѓер ќе игра против Митјиланд од Данска во второто полуфинале.

Следниот ден за 14.30 часот е закажан мечот за третото место, а ако Вардар го победи Будуќност, ќе го игра големото финале за титулата од 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top