| четврток, 6 декември 2018 |

Син на конгресмен злоупотребил пари од предизборната кампања

Федералното обвинителство покрена обвинение против Џеси Џексон помладиот, а неговата Сопруга Санди е обвинета за поднесување на неточни даночни пријави за периодот од 2006 до 2011 година

Синот на познатиот активист за човекови права во САД Џеси Џексон, поранешниот конгресмен од редовите на републиканците Џеси Џексон помладиот, е обвинет дека потрошил 750.000 долари за лични потреби од средствата наменети за предизборна кампања.

Федералното обвинителство покрена обвинение против Џеси Џексон помладиот, а неговата Сопруга Санди е обвинета за поднесување на неточни даночни пријави за периодот од 2006 до 2011 година.

Во официјалната изјава поранешниот член на Конгресот изјавува дека презема целосна одговорност за направените одлуки и грешките, кои ги дозволил.

Адвокатот на Сенди Џексон во Чикаго изјави дека таа потпишала договор со обвинителството во врска со обвиненијата. Таа признала дека е виновна за едно од обвиненијата за даночна измама, кои се казниви со максимална казна до три години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top