Заев очигледно сака да му се оддолжи на Панче Орцев за тендерите кои тој како директор на „Комуналец“, а поставен од Зоран Заев, ги делел на фирмите од кланот Заеви.
Во меѓувреме додека Панче Орцев е директор на ЈПКД „Комуналец“, тој доделувал јавни набавки на фирмите од фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци. Впрочем тој е директорот на ЈПКД „Комуналец“ кој склучил договори за јавни набавки со фирмата „Еленица“ во сопственост на братот и братучедот на Зоран Заев, со фирмата „Тргопродукт“ која е во сопственост на братучетката и стрината на Зоран Заев, со фирмата „Јавор Шпед“ која е во сопственост на бизнис ортакот на братот на Зоран Заев, како и со фирмата АДГ „Пелагонија“ каде што најголем акционер е братучедот на Заев.
Откако Панче Орцев делејќи тендери со фирмите од кланот на Зоран Заев си го заслужил пратеничкиот мандат, сега тој повторно се најде на листата за пратеници во четвртата изборна единица и тоа на високото второ место, изјави на прес-конференција Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмите од кланот Заеви од Панче Орцев како директор на ЈПКД „Комуналец“ добиле 4 јавни набавки со вредност од 7.792.027 денари.
Но, и Зоран Заев не останал должен на Панче Орцев. Фирмата ХИТ Бекатон на шурата на Панче Орцев, од Зоран Заев добила дури 4 јавни набавки во вредност од 3.360.097 денари. Додека Панче Орцев бил директор на ЈПКД „Комуналец“, фирмите од кланот Заеви добивале милионски тендери, а пак фирмите на фамилијата на Орцев добивале исто така тендери од Заев.
– Досега јасно и презентиравме на јавноста за каков организиран систем на бизнис интереси владее помеѓу луѓето на СДСМ во Струмица. Сега, истиот тој Заев за добро завршената работа од страна на Панче Орцев повторно го наградува својот бизнис партнер ставајќи го на добитното второ место на пратеничката листа во четвртата изборна единица. Ете на овој начин кандидатите за пратеници ги добиваат местата во листите за пратеници од СДСМ – рече Рангелова.
На овој начин СДСМ функционираше досега, така продолжува и понатаму. Иако Бранко Црвенковски физички не е присутен во партијата, неговата школа оставила длабоки корени. Не постои никаква разлика помеѓу Бранко Црвенковски и двоецот Заев и Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски
-
Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена