СДСМ дефинитивно ќе ги блокира изборите. Иако на полноќ завршува рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и за членови на совети за претстојните локални избори, ДИК нема да ги добие листите од страна на опозиционата СДСМ.
Интернет порталот Локално објави дека во последниот контакт со генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, било кажано нема никакви промени на ставот на партијата. СДСМ ќе ги бојкотира локаланите избори, без шанси за промена. Ваквата одлука била донесена по одбивањето на последната понуда за менување на роковите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која прифати поместување на рокот за поднесување на кандидатските листи, но не и на датумот за избори.
Локално објавува дека оставките на пратениците од СДСМ се веќе депонирани во партијата со датум на денот на денот на локланите избори 24 март 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


