Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, сериозно ја критикуваше формата на неговата екипа и призна дека се срами од нивната игра.
Јунајтед ја игра најлошата сезона во последните неколку години, навивачите бараат отказ за Дејвид Мојес, а Фердинанд ја прифаќа одговорноста и вината за очајната серија на лоши резултати.
– Срамота е. Не сакам да излезам од дома по натпреварите, не сакам да ги носам децата во школо, да одам на бензиска пумпа или на пазарување. Не сакам да излезам на улица и да ги видам луѓето кои ме гледаат разочарано затоа што сме загубиле. Никој не сака таков живот, секој од нас сака да се чувствува пријатно во секој момент – вели Фердинанд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.