| четврток, 6 декември 2018 |

Од следната година се укинува сервисот на македонски на „Гласот на Америка“?

voice500

Во предлог-буџетот за 2015 година се предвидува укинување на неколку балкански сервиси на „Гласот на Америка“, вклучувајќи го и македонскиот.

Ова го објави одборот на гувернери за меѓународно емитување од Агенција на американската влада, која го надгледува „Гласот на Америка“ (Voice of America – VOA).

Како што е објавено на веб-сајтот на VOA, предложено е укинување на македонскиот, српскиот, албанскиот и на босанско-херцеговскиот сервис.

Во азербејџанскиот, грузискиот, персискиот и узбекистанскиот сервис би дошло до одредени намалувања, како и во програмата што се емитува на Куба.

Исто така, би биле затворени дописништвата на Гласот на Америка во Ерусалим и во Хјустон.

Претседателот на синдикатот, кој застапува многу од вработените во „Гласот на Америка“, Дејв Алисон, оцени дека укинувањето на сервисите претставува отстапување од историската мисија, која почна во 1942 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top