| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на САД не е информиран: Барак Обама не знае како се отцепило Косово

Претседателот на САД, Барак Обама, во говорот што пред два дена го одржа во Брисел рече дека случаите на Косово и на Крим не може да се споредат и ѝ се закани на Русија со нови санкции доколку не се смени курсот кон Украина.
-Големите сили не смеат да ги малтретираат малите. НАТО интервенираше дури откако луѓето на Косово со години и систематски се злоупотребувани и убивани. А Косово ја напишти Србија дури откако организираше референдум – не беше тоа надвор од рамките на меѓународното право, туку грижливо подготвен во соработка со Обединетите нации и со соседите на Косово. Ништо од ова не се случи во Крим – рече Обама.

Британскиот стручњак за Балканот, Џејмс Кел-Линдзи изјави дека американскиот претседател Барак Обама даде „неверојатно и неточна изјава“.

– Поединецот би можел да претпостави дека станува збор за грешка, која ја направил некој од неговиот тим за пишување говори. Меѓутоа навистина станува збор за неверојатна грешка, имајќи предвид дека тоа е еден од клучните аргументи со кои не се оправдува однесувањето на Русија на Крим – рече високиот научен соработник на Лондонската школа за економија и политички науки и потсетува дека таа изјава уште повеќе зачудува со оглед на фактот дека настаните се случија неодамна, а не пред неколку децении.

И новинарот на британскиот „Економист“ смета дека станува збор за бизарна грешка и не трба да се бараат никакви теории на заговор. Аналитичарот Тед Гејлен во Вашингтон, изјавата на Обама ја оцени како „тажно извртување на историјата“.

– Таа изјава претставува тажно извртување на историјата, особено ако се има во предвид дека првобитната територијална ампутација на Косово од Србија се случи во 1999 година, а ја спроведоа САД и нивните сојузници од НАТО, со климава фасада за меѓународно одобрување по настаните – наведува Карпентер.

Герхард Шредер, пак застана на страната на Путин со изјавата: „Ги испративме нашите авиони во Србија, кои заедно со НАТО бомбардираа суверена држава без претходна одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

albanija-kosovo-1357850604-251503

Канцеларијата за Косово и Метохија истакнува дека изјавата на Обама, без сомнене, претставува ненамерна грешка или последица на погрешен превод. Kосово прогласи независност на 17 февруар 2008 година, откако парламентот во Приштина, со поддршка на Америка и на другите западни држави усвои Декларација, која ја потпишаа сите албански пратеници. Единствен неформален референдум на Косово се одржал во 1991 година во организација на Демократскиот сојуз на Косово, на чело со Ибрахим Ругова. Тогаш, според податоците на ДСК, за независност се изјасниле 99,87 проценти од граѓаните кои гласале на референдумот. Србите од Косово ја бојкотираа акцијат на ДСК, а српските власти референдумот го прогласија за илегален, но не го попречуваат неговото одржување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top