| четврток, 6 декември 2018 |

Металург денес против Санкт Петербург

Ракометарите на македонскиот првак Металург попладнево во 16 часот го играат натпреварот од 9.коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Во Чехов, рускиот вицепрвак Санкт Петербург е една од последните две пречки за Металург до второто место. За македонскиот шампион ова е последно гостување во групата, а со победа избраниците на тренерот Лино Червар ќе ги задржат шансите за втората позиција.

Во составот на Металург ќе ги нема голманот Петар Ангелов и Златко Мојсоски, додека на нивните места се Никола Митревски (голман) и новото засилување Игор Мандиќ, кој дојде од екипата на Борац Бања Лука.

Групата Ц во 9.коло играат:

Санкт Петербур – Металург
Киелце – Шамбери (денес)
Силкеборг -Горење (утре).
Табела
Киелце 16
Горење 12
Металург 10
Силкеборг 6
Шамбери 2
Санкт Петербург 2.

А група:
Флензбург – Адемар 27:22,
Партизан  Хамбург (денес)
Монпеље – Чеховски Медведи (утре).
Табела
Флензбург 14
Чеховски Медведи 12
Хамбург 12
Монпеље 5
Адемар 5
Партизан 2.

Б група:
Цеље – Констанца (денес),
Атлетико Мадрид – Савехоф (утре)
Кил – Веспрем (утре).
Табела:
Веспрем 16
Кил 12
Атлетико Мадрид 8
Цеље 4
Констанца 4
Савехоф 4.

Д група:
Кадетен Шафхаузен – Берлин 35:40,
ПИК Сегед – Динамо Минск (денес)
Барселона – Загреб КО (денес).
Табела:
Барселона 14
Берлин 14
Динамо Минск 11
Кадетен Шафхаузен 4
ПИК Сегед 4
Загреб КО 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top