| четврток, 6 декември 2018 |

По 40 години тишина – не можеше да престане да плаче на првиот звук (видео)

Joanne_Milne

Понеделник, вторник, среда… 40-годишната Британка Џоан Милне беше преплавена од емоции кога првпат во својот живот слушна како се изговараат деновите од неделата. Всушност, овие зборови беа првото нешто што Милне го слушнала во својот живот.

Сѐ до тогаш жената живеела во комплетна тишина. Родена е со редок Ушеров синдром. Глува е од раѓање, а видот го загубила во дваесеттите години од животот.

Минатиот месец Милне е изложена на операција која ѝ го променила животот. Во увото ѝ било вградено полжавче, а потоа морала да причека четири недели за да се види дали операцијата минала успешно.

Откако се соземала од првиот шок, на лекарите им кажала дека гласот ѝ звучи многу чудно.

– Ова е неверојатно. Во шок сум. Прво морам да научам да ги распознава звуците. Не можам да престанам да плачам. Знам дека ова ќе ми го промени животот… Пријателите веќе не мора да ме влечат за рака за да ми го привлечат вниманието – рекла Милне и додала:

– Се навикнав да бидам глува, но, за жал, сѐ се промени кога ослепев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top