
Австралиските власти ја преместија потрагата по исчезнатиот авион во јужниот дел на Индиски Океан на ново подрачје откако експертите откриле дека „боингот 777“ летал побрзо отколку што се претпоставувало претходно.
Новата анализа на податоците од радарите ги натера истражителите да го променат местото на пребарување на океанот 1.100 километри кон североистокот на претходната локација.
Новата локација е поблиску до австралискиот брег.
Според „Си-Ен-Ен“, новите податоци покажале дека авионот се движел побрзо, но во исто време трошел повеќе гориво. Претходно, сателитски снимки од Јапонија и од Тајланд укажале дека можни остатоци од „боингот“ се забележани на две нови подрачја.
Некои аналитичари сметаат дека преместувањето на подрачјата на истрагата може да биде знак дека истражителите се сѐ поблиску до локацијата на авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
На аеродром во Малезија запленети 18 рогови од носорози
-
Од следната сезона Малезија ќе ја нема во календарот на Формула 1


