На полноќ завршува рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и за членови на совети за претстојните локални избори.
Се очекува власта и опозицијата да постигнат договор за одложување на рокот за доставувањето на кандидатските листи, за неколку дена. Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до Општинските изборни комисии, додека листите за кандидатите за советници и за градоначалник на Скопје се доставуваат до Изборната комисија на Градот Скопје.
На изборите закажани на 24 март ќе учествуваат 29 независни кандидати, а потписи беа собрани за 95 независни советнички листи.
СДСМ вчера побара тие да бидат одложени за еден месец, додека ВМРО-ДПМНЕ прифати само да биде пролонгиран рокот за доставување на кандидатските листи, но не и на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


