| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Жириновски: Полјаци, Унгарци и Романци земете си и вие од територијата на Украина!

Рускиот ултранационалист и потпретседател на Думата Владимир Жириновски им испратил покана на министерствата за надворешни работи на трите соседни држави на Украина: Полска, Унгарија и Романија, во кој ги поканува „слободно да си ги вратат своите територии кои се сега под украинска власт“.

Имено, со пактот Молотови_Рибентроп од 1939 година како и некои меѓународни договори по Втората светска војна, некои делови на тие земји тогашниот советски лидер Сталин ги приклучил на Украина, односно на СССР.

Жириновски така преку официјално писмо им предложува на владите на овие држави да си ја вратат „својата“ територија од запасниот дел на Украина, додека Русија би го добила истокот. Украина според овој познат радикален руски политичар, би се свела на неколку средишни окрузи околу Киев бидејќи само тоа е „исконска Украина“.

Жириновски на Пољаците им порачал дека на тој начин ќе се воспостави 2историската правда“ и ги повиќа Унгарците, Пољаците и Романците да „го искористат моментот бидејќи во Украина сега не постои држава“. на Полска и ја нуди Галиција, на Унгарија-Задкарпатјето, кое било во состав на Чехословачка, односно Словачка до 1945 година, а на Романија подрачјето околу градфот Черновци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top