| четврток, 6 декември 2018 |

Цел арсенал оружје пронајдени во Сарај

По добиени оперативни сознанија дека 34 годишно лице од Сарај држи поголема количина оружје и муниција и обезбедена добиена Наредба од страна на Судија на претходна постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, изврши претрес во неговиот дом и во автомеханичарски сервис “ВЕБИ-КОЧ“ кој е исто така во негова сопственост. При претресот беа пронајдени и одземени: една пушка “Карабин“, еден Пиштол марка “Берета“, 6 рамки за автоматска пушка, 4 рамки за пиштол, еден тромблонски додаток, 6 држачи за куршуми, 574 куршуми калибар 7,62 мм за автоматска пушка, еден светлечки куршум, 176 куршуми клибар 9мм, 190 куршуми калибар 7,62 мм за пиштол, 22 куршуми непознат калибар, еден куршум за ловна пушка и еден куршум калибар 32 мм.

Одземените предмети се бидат предадени на вештачење во Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, а до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава против лицето поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “Недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top