| четврток, 6 декември 2018 |

Што планира Путин? На границата со Украина возовите донесоа стотина руски тенкови

Иако Москва и понатаму инсистира на тоа дека нема намера воено да интервенира на исток на Украина, од границата на Русија со Украина стигнуваат снимки на кои се гледаат возови како носат поголем број тенкови и други воени возила.


Видеозаписите со тенковите се забележани во близина на Воронјеж, руски град релативно блиску до Харков, кој се наоѓа речиси на самата источна граница со Украина.


Исто така пристигнуваат известувања за трупите блиску до Калиновка во Курската област, на само 10километри од украинската граница.

На социјалните мрежи се појави и фотографија од 20-тина хеликоптери приземјени во околината на Белгород, на 40 километри од границата со Украина.

belgorod-twitter-4_650520S0

Тие се дел од воздушната екипа заедно со  околу 1.100 војници, кои пред избивањето на кризата во Украина не беа на оваа позиција.

Според американските проценки, близу до границата се разместени барем 20.000 војници, а генералот на НАТО за Европа, Филип Бредлов минатиот викенд заклучи дека Русија на источниот дел од Украина има доволни сили да дојде до Придњестарската област во Молдавија, која ја контролираат проруските сепаратисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top