Јулија Тимошенко денеска официјално објави дека ќе се кандидира на предвремените претседателски избори во Украина, закажани на 25 мај.
-Ќе побарам на конгресот на партијата ’Татковина’, што ќе се одржи на 29 март, да ја поддржи мојата кандидатура за највисоката функција во државата, изјави 54-годишната Тимошенко на прес-конференција во главниот град Киев.
-Јас сум должна да се кандидирам за претседател, истакна таа.
Според последните анкети на јавното мислење фаворт на изборите е политичарот и милијардер Петро Порошенко, по кого следи лидерот на партијата Удар, Витали Кличко и Тимошенко.
Тимошенко веќе беше кандидат за функцијата во 2010. година, кога загуби со тесен резултат од Виктор Јанукович.
Тимошенко во февруари, по соборувањето на Јанукович од власт, излезе од затвор каде беше поради пресудата за злоупотреба на службената положба во врска со бизниси со гас со Русија. Затворската казна од седум години таа главно ја издржуваше во болница во Харков поради проблеми со рбетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.