Двоецот на Колдинг Јоаким Болдсен и Ларс Јоргенсен е разочаран од двете последни претстави на тимот, против Металург во Лигата на шампионите и со Олборг во домашното првенство. Колдинг претрпе два тешки порази, со многу мал број на постигнати голови. Против Металург во Скопје данските ракометари дадоа 17 гола, а вчера во дербито на домашната сцена постигнаа гол помалку, 16.
Во двата меча Колдинг прими по 23 погодоци, што е солиден ефект и покажува дека одбраната им функционира солидно, но нападот е катастрофален.
„Одигравме два мизерни меча против Металург и со Олборг. Нема ниту концентрација во играта, не ги спроведуваме акциите што ги договаравме, а хендикеп ни беа и одличните одбрани на противничките голмани“, велат Болдсен и Јоргенсен.
И двајцата не постигнаа ниту еден гол на дуелот со македонскиот вицешампион, а Колдинг ќе мора да атакува на негатива од 6 разлика, веројатно и 7, ако Металург во реваншот во недела постигне 18 или повеќе голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


